Торино и Фиорентина одиграа без победник на синоќешниот натпревар во Серија А, но натпреварот го одбележа жестоката караница на хрватскиот тренер Иван Јуриќ со Винчензо Италиано во судиското продолжение.
Јуриќ, се чини, малку повеќе „загуби компас“ па жестоко го навредуваше тренерот на Фиорентина што ја разбесне целата клупа на гостите.
„Ќе ти го пресечам гркланот“ – му се обрати Јуриќ на колегата поради што доби и директен црвен картон.
Бидејќи се работи за сериозна закана, Дисциплинската комисија во Италија веднаш покрена постапка против искусниот Хрват, и сигурно нема да мине неказнет.
„Адреналинот е висок и се расправаме за нешта кои не би требало ни да се спомнат. Италиано е мој пријател, претерав и барам да ми простите сите“ – изјави Јуриќ по мечот.
We continue our “only in Italy” series with an all timer 😂
In the middle of a HEATED argument, Torino’s coach Ivan Juric, told Fiorentina coach Vincenzo Italiano:
“I’ll cut your throat.”
After the game Juric asked to hug it out while on TV for interviews:
“Can we hug it out?… pic.twitter.com/LTmydERpqd
— Italian Football TV (@IFTVofficial) March 3, 2024
Интересно е дека и Италиано од спротивната страна искажа разбирање за гестот на Јуриќ.
„Имаше караница и жал ми е поради неговото исклучување, но по мечот се смиривме и веќе размислуваме за следниот натпревар. Повторно сме пријатели како порано, повторно се прегрнавме по мечот“ – рече Италиано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА