Кошаркарката на Баскет Кам, Ивана Кметовска го понесе признанието за најкорисен играч на финалниот турнир од 31. издание на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.
Актуелната македонска репрезентативка одигра уште еден одличен меч на собирот во СРЦ „Кале“. За нецели 28.минути поминати во игра, силното крило на тимот од Македонска Каменица комплетираше дабл-дабл ефект. Изразен со реализација на 23. поени (1/1 за три, 6/10 за два и 8/11 за еден поен), 15.скока, од кои пет во фазата на нападот.
Освен тоа, имаше и две освоени топки и една асистенција, сето тоа доволно за најголеми 29. индексни поени во мечот за трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА