Новак Ѓоковиќ по пауза од пет години оваа седмица се враќа на мастерсот Индијан Велс, а директорот на турнирот, Томи Хас не го криеше задоволството од тоа што српскиот тенисер одново ќе настапи Калифорнија.
За поранешниот германски тенисер кој на почетокот на милениумот беше втор на светот Новак Ѓоковиќ е фаворит број еден и за освојување на титулата.
„За мене Новак Ѓоковиќ е главен фаворит за титула и покрај неуспхот на Австралија Опен. Новак во минатото тука имаше многу успеси, а сега се враќа за прв пат по 2019 година. Премногу постигна тука за да нема шанси за победа.
Чувствувам дека кога и да не освои некој голем трофеј сите гледаат на тоа како негов дебакл, а многу го мразам тој збор. По поразот од Јаник Синер во полуфиналето рекоа „загуби во полуфинале“, а колку тенисери би сакале да заиграат во тоа полуфинале. Никогаш не смеете да го отпишете, тој е фаворит секаде“, изјави Хас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

