Белингам може да добие подолга суспензија поради хаoсот на „Месталја“

Судијата Хил Манзано предизвика голем хаос на натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид во шпанското првенство откако во моментите кога „кралевите“ ја довршуваа последната акција на средбата досуди крај, а пак, Џуд Белингам постигна и гол кој ќе донесеше целосен пресврт на гостите.

Бесниот Англичанец не ги штедеше зборовите кон судијата па доби директен црвен картон. Манзано неговото однесување го оцени како „агресивно“ за што младиот фудбалер може да добие и дополнителна суспензија.

Според препозициите на шпанското првенство за ваков тип на непочитување на судиите следува суспензија од два до три натпревари. Доколку комисијата пресуди против Белингам ќе следи нова жалба на Реал Мадрид.

Се вчитува...