Голем проблем за Барселона: Де Јонг и Педри во „аут“ против Наполи

Барселона испушти нови значајни бодови во битката за титула во шпанското првенство откако ремизираше без голови на гостувањето кај Алетик Билбао. Тимот на Чави остана без бодови, но и без двајцата значајни фудбалери Фенки де Јонг и Педри.

Холанѓанецот имаше лош доскок во 26. минута по што го повреди зглобот на ногата и мораше да го напушти теренот, а дваесет минути подоцна поради повреда на стапалото мораше да биде заменет и Педри.

Првичните информации вооошто не се добри за навивачите на каталонскиот тим. Повредите се сериозни и очекувањата се дека Де Јонг и Педри ќе мораат да бидат надвор од теренот на подолго време и се очекува го пропуштаат реваш натпреварот од осминафиналето во Лигата на Шампионите против Наполи кој е закажан за 12. март.

Се вчитува...