Формула 1 шампионатот го зголеми годишниот приход за 25 отсто од 2.753 милијарди долари на 3.222 милијарди долари, а порасна и оперативната придобивка и тоа за 64 отсто од 239 милиони на 392 милиони.
Десетте екипи поделија и поголема сума меѓусебе и тоа за пет отсто од 1.157 милијарди на 1.215 милијарди во однос на претходната година.
Големо позитивно влијание за шампионатот има Големата награда на Лас Вегас која беше додадена во календарот претходната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА