Милано повторно без Миротиќ против Партизан?

Како што се ближи крајот на регуларниот дел од сезоната во Евролигата, Партизан нема право на грешка доколку сака да се најде во разигрувањето. Пред „црно-белите“ е натпревар во Италија против Милано кој ќе биде одигран во петок, а на таа средба италијанскиот тим се очекува да биде сериозно ослабен.

Милано се мачи со повреди на клучните играчи, а еден од нив е и Никола Миротиќ кој има проблем со дигестивниот систем и можноста за настап против актуелниот шампион на АБА е минимален и во вториот натпревар помеѓу овие два тима во сезоната.

Покрај Црногорецот на листата на повредени кошаркари кај Милано се наоѓаат и Шабаз Нејпир, Флакадори, Тонут и Појтрес.

Се вчитува...