Ристовски ги загуби нервите: Со шлаканица удри противник, но помина неказнето (ВИДЕО)

Дербито на 25. коло од хрватското првенство помеѓу Осијек и Динамо Загреб заврши со поделба на бодовите по ремито од 1-1, а во центарот на вниманието по средбата се најде и македонскиот интернационалец Стефан Ристовски.

Хрватските медиуми информираат за новото потфрлање од страна на судиите кои не го забележаа како Македонецот ги загуби нервите по една мешаница и го удри противничкиот фудбалер Дарко Нејашмиќ.

Очекувањата беа Ристовски да биде исклучен, но на негова среќа не интервенираше ниту ВАР собата.

Се вчитува...