Легендата на Јунајтед се сврте против Тен Хаг: Со него сме милион милји подалеку од титула

Манчестер Јунајтед претрпе нов пораз во Премиерлигата откако во дербито на 26. коло загуби на гостувањето кај градскиот ривал Манчестер Сити до 3-1 во натпревар во кој „црвените ѓаволи“ имаа и предност од 1-0 на полувремето благодарение на прекрасниот гол на Маркус Рашфорд, но тактиката за задржување на предноста не вроди плод во вторите 45. минути.

По натпреварот се огласи и легендата на клубот, Пол Сколс кој не верува дека Ерик тен Хаг ќе остане на тренерското место по крајот на сезоната.

„Тоа што го гледаме е милион милји подалеку од тимот кој треба да биде конкурент за освојување на Премиерлигата. Секој сезона е така. Не би бил изненаден доколку клубот бара нов тренер.

Луѓето од компанијата „Инеос“ која го превзема тимот веќе го кажа своето. Мислам дека Тен Хаг нема да го води Јунајтед следната сезона. Од интервјуто на Џими Ретклиф гледам негативност према начинот на кој работи клубот во последните десет години. Ретклиф не е среќен поради тоа што се случува“, изјави Сколс.

Се вчитува...