Почетокот на новата сезона во Формула 1 шампионатот не донесе „подобро време“ за тимот на Мерцедес кој потфрли на Големата награда на Бахраин и стави дознаење дека одоново британскиот тим го чека тешка сезона во која шансите да му парира на Ред Бул се минимални.
Мерцедес се соочува и со дополнителен проблем – да ја најде замената за Луис Хамилтон кој на крајот на сезоната ќе се пресели во редовите на Ферари. Сепак за овој проблем, Тото Волф нема многу грижи бидејќи како што вели има доволно време.
„Не се брзаме. Внимателно ќе видиме каква е состојбата на маркетот. Сега не сме во ситуација како кога го ангажиравме Луис па да мораме брзо да реагираме“, изјави Волф кој потоа говореше и за можен ангажман на Макс Ферстапен.
„Макс во Мерцедес? Нормално дека го сакам тоа, но мислам дека шампионите бараат најбрзи болиди. А, во моментот тоа го има Ред Бул. Тоа е тешко, тешко изводливо“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА