Франческо Бањаја останува во Дукати (ФОТО)

Актуелниот шампион на Мото-ГП, Франческо Бањаја ќе вози за Дукати и во следните две години откако денеска го продолжи договорот со својот тим до 2026 година.

Досегашниот договор на Бањаја истекуваше на крајот на сезоната, а и покрај тоа што долго се очекуваше потврда на нова соработка до истата дојде на четири дена пред почетокот на новата сезона.

Италијанецот во 2022 година по 15 годишна пауза ја донесе титулата за Дукати, а успеа и да ја одбрани изминатата сезона.

Се вчитува...