Кристијано Роналдо и неговиот Ал Наср со негатива ќе го пречекаат Ал Аин во реванш натпреварот од четвртфиналето на Азиската лига на шампиони откако денеска загубија со 1-0 на гостувањето кај Ал Аин.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 44. минута кога Рахими го постигна погодокот вреден предност пред реваншот во Ријад.
Во 79. минута Кристијано Роналдо имаше неверојатна шанса да го израмни резултатот, но се посрамоти од непосредна близина. Проблем за Ал Наср е тоа што тимот на вториот меч ќе биде без Лапорт, откако искусниот дефанзивец доби директен црвен картон во 94. минута.
Al Ain [1]-0 Al Nassr – Soufiane Rahimi 44’ (AFC Champions League QF 1st Leg)
byu/saiyan010zero insoccer
How did Cristiano Ronaldo managed to Miss this Easy Chance 😭😭😭pic.twitter.com/Go62fW3v64
— ACE (fan) (@FCB_ACEE) March 4, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА