Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа шест натпревари. Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс успеаја да слават на домашен терен против првиот тим во Западната конференција Оклахома сити тандер со 116-104.
Најдобар поединец во таборот на победникот беше Дианџело Расел со 26 поени, додека два помалку уфрли Ентони Дејвис. Кај поразените Шеј Гилџс Александер заврши со 20 поени.
Mилвоки бакс и без услугите на Јанис Адетокумбо славеше против Лос Анџелес клиперс со 113-106. Демијен Лилард со 41 поен беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 29 поени на Пол Џорџ.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Бруклин – Мемфис 102-106, Минесота – Портланд 119-114, Јута – Вашингтон 127-115 и Сакраменто – Чикаго 109-113.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

