Тухел: Ситуацијата е јасна, мора да победиме со два гола разлика

Тренерот на Баерн, Томас Тухел изјави дека верува оти клубот од Минхен ќе се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите. На 14. февруари, во Рим, Баерн беше поразен од Лацио со резултат 1-0 во првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ.

„Ситуацијата е јасна, мора да победиме со два гола разлика. Притисокот е да се играат натпревари на највисоко ниво. Потребен е притисок за да се постигнат врвни резултати“, изјави Тухел.

Баерн пред неколку недели објави дека Тухел го напушта минхенскиот клуб по крајот на сезоната. Сепак, некои германски медиуми објавија дека Тухел може да добие отказ уште утре доколку Баерн не се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Се вчитува...