Шарапова откри како го отпуштила својот татко

Таткото Јури долго време беше тренер на Марија Шарапова. На крајот на краиштата, тој беше оној кој како дете донесе одлука да ја пресели сибирската убавица во САД и целиот свој живот го посвети на идејата таа да стане врвна тенисерка.

Во тоа успеал, веројатно над сите очекувања, но и тој едно време мораше да се повлече од тимот со кој Русинката стигна до најголемите резултати. Шарапова неодамна го откри тој тежок момент во американски подкаст.

„Во еден момент морав да му кажам дека повеќе нема да ми биде тренер Го видов како доаѓа тој момент, но не знаев како да го направам тоа. Знаев колку ќе биде болно и за двајцата, особено за него. Решив дека е најдобро да го направам тоа преку е-пошта. Така најдобро ќе ги искажам мислите и ќе ми биде наједноставно. Тато знаеше дека вакво нешто ќе се случи, но веројатно не очекуваше дека ќе го направам тоа веднаш по освојувањето на мојата трета гранд-слем титула. Не можев да го погледнам во лице“, изјави Шарапова. 

Се вчитува...