„Ѕвездата“ на Минесота задоцни на мечот со Портланд (ВИДЕО)

Минесота Тимбервулвс го победи Портланд Трејл Блејзерс со 119-114 во НБА лигата. На натпреварот се случи несекојдневна ситуација.

Првата ѕвезда на тимот Ентони Едвардс задоцни на стартот на натпреварот. Едвардс беше во салата, но поради традицијата сам да се загрева пред соблекувалната целосно заборави дека натпреварот со Портланд започна. Тоа е првпат од дебитантската сезона во НБА да игра како резерва.

„Го изгубив чувството за време“, изјави Ентони по мечот.

Натпреварот го заврши со 13 поени за 35 минути, а на негово место стартуваше Никеил Александар-Вокер.

 

Се вчитува...