„Роналдо замолчи! Во се го гледаш Лионел Меси“

Кристијано Роналдо повеќе од една година го носи дресот на саудискиот Ал Наср. Еден од најпопуларните играчи на денешницата досега постигна 42 гола и имаше 13 асистенции на 49 натпревари.

Португалецот пред неколку месеци изјави дека лигата во Саудиска Арабија е многу посилна од некои европски, а посебно истакна една.

„Саудиската лига е веќе подобра од француската Лига 1 и само што почна да расте“, рече Роналдо.

Таа реченица не му се допадна на Франк Лебеф кој со репрезентацијата на Франција стана светски првак во 1998 година и европски шампион во 2000 година.

„Како тоа ја спомна француската лига, а не, да речеме, португалската лига. Па, повеќе од јасно е. Во тој момент Меси играше во Лига 1 и со тоа сакаше да ја потцени. Го почитувам Роналдо како играч, но човеку замолчи! Не беше фер кон француското првенство, бидејќи не е вистина“, изјави Лебеф.

Се вчитува...