Најавени тимови за ЛШ: Дали ПСЖ ќе му прости на Мбапе?

Денеска ќе бидат познати првите два четвртфиналиста во Лигата на Шампионите, а погледите на фудбалска Европа ќе бидат насочени кон Сан Себастијан и Минхен.

Во Шпанија, тимот на Реал Сосиедад ќе се обиде да ја надополни негативата од два гола по првиот меч против ПСЖ. Баскијцит ќе бидат ослабени поради неиграњето на Елустондо и на Одриозола, но главно прашање е дали во тимот на ПСЖ ќе се појави Килијан Мбапе. Најдобриот играч на „светците“ беше заменет на полувреме против Монако, по што одби да седи на клупата за резерви и се пресели во свечената ложа на стадионот. Тренерот Енрике изјави дека неговиот тим треба да почне да се навикнува да игра без Мбапе, па останува да се види одлуката – дали тој ќе биде казнет за своето однесување и ќе почне од клупата за резерви или пак ќе се појави меѓу стартните единаесетмина во Сан Себастијан. Информациите велат дека влогот е преголем и Енрике ќе биде принуден да го вклучи Мбапе во првата екипа, но кога е ПСЖ во прашање, тоа секогаш може да се смени во „пет до дванаесет“.

Баерн Минхен има негатива од 0-1 по првиот дуел со Лацио, а евентуален неуспех ќе значи и автоматски отказ за Томас Тухел. Баварците се во криза, а неизвесно е дали Лирој Сане ќе може да помогне на овој клучен натпревар. Едно е сигурно, Кимих повторно ќе биде десен бек, а во средниот ред шанса ќе добие младиот Павловиќ, кој е една од ретките светли точки на Баерн оваа сезона.

РЕАЛ СОСИЕДАД – ПСЖ

РЕАЛ СОСИЕДАД: Ремиро, Галањ, Зубелдиа, Ле Норман, Траоре, Мерино, Зубименди, Мендез, Ојарзабал, Кубо, Андре Силва.

Отсутни: Елустондо, Одриозола, Фернандез.

ПСЖ: Донарума, Хакими, Бералдо, Херандез, Маркињос, Витиња, Заир-Емери, Руиз, Дембеле, Баркола, Мбапе.

Отсутни: Кимпембе, Шкринијар, Асенсио.

БАЕРН МИНХЕН – ЛАЦИО

БАЕРН: Нојер, Кимих, Дајер, Ким, Дејвис, Павловиќ, Горецка, Лајмер, Тел (Сане), Мусиала, Кејн.

Отсутни: Коман, Упамекано, Сар, Перец. Неизвесни: Сане, Гнабри.

ЛАЦИО: Проведел, Марушиќ, Марио Џила, Ромањоли, Хисај, Весино, Гендузи, Алберто, Исаксен, Имобиле, Фелипе Андерсон.

Отсутни: Патрис.

Се вчитува...