Поранешниот тенисер број еден во светот, Џими Конорс, верува дека доаѓа нова „голема тројка“.
Во последните две децении сме сведоци на доминација на Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер, поради што се роди терминот „голема тројка“.
Конорс истакнува дека таа улога ќе ја преземат Карлос Алакарас, Јаник Синер и Холгер Руне.
„Младите тенисери се свесни дека времето на големата тројка заврши, ги гледаат шансите на Грен слемовите, на Олимписките игри во Париз“, заклучи Конорс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

