Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс Расел Вестбук мора да паузира поради операција, пренесуваат американските медиуми.
Искусниот плејмејкер во понеделникот беше опериран поради фрактура на левата рака и доколку се биде во ред би можел да се врати на теренот пред почетокот на плеј-офот.
35-годишниот играч сезонава има просек од 11,1 поен, 5,1 скок и 4,4 асистенции, што е многу послабо од неговиот поранешен учинок, но заедно со Кавај Ленард, Пол Џорџ и Џејмс Харден, секако е столбот на тимот од Калифорнија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

