Билд: Баерн нема договор со Чаби Алонсо

Баерн Минхен речиси сигурно ја загуби титулата во Бундес-лигата, и тоа од Чаби Алонсо кој бележи неверојатни резултати со Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ немаат ниту еден пораз цела сезона, во сите натпреварувања во кои учествуваат, па Алонсо неслучајно се наоѓа на врвот на листата со желби на Баерн Минхен и Ливерпул, двата европски гиганта кои летово ќе направат смени на тренерската позиција.

Дел од германските медиуми во последните 24 часа објавија дека Aлонсо веќе го избрал Баерн Минхен за следна дестинација во кариерата, плашејќи се од преголемиот притисок во Ливерпул што би го имал како наследник на Јирген Клоп. Сепак, „Билд“ повикувајќи се на извори од баварскиот гигант тврди дека не само што нема договор меѓу Алонсо и Баерн, туку и воопшто не се почнати преговорите меѓу двете страни.

Шпанскиот стратег отсекогаш истакнуваше дека приоритет му се резултатите до крајот на сезонава со Баер Леверкузен, а управата на Баерн го почитува тоа и без оглед на покажаниот интерес, се уште не почнува разговори со Алонсо ниту пак со неговиот агент. Баварците веруваат дека имаат доволно време да го убедат Шпанецот зошто „Алијанц Арената“ е најдобро место за негов следен предизвик во тренерската кариера, но очигледно е дека оваа „сапуница“ ќе продолжат уште неколку месеци, до крајот на сезоната во Бундес-лигата.

Се вчитува...