Халанд: Напишете ја еднаш вистината – Јас сум среќен во Манчестер сити!

Бројните шпекулации за негово наводно заминување од Манчестер сити, и тоа како очигледно го вознемируваат еден од најдобрите светски фудбалери, Ерлинг Халанд.

Па, на прес-конференцијата пред утрешниот реванш натпревар од 1/8-финалето во Лигата на шампионите со Копенхаген, откако повторно доби прашање за својата иднина Халанд отворено ги повика медиумите конечно да ја напишат вистината.

„Еве сега ќе кажам нешто кое можете сите да го напишете, затоа што ова е вистината: Искрено многу сум среќен во Манчестер Сити. Опкружен сум со фантастични личности во клубот. Напишете ја вистината дека сум среќен во Манчестер сити!“ – рече Халанд и дополни:

„Јасно, никогаш не се знае што може да донесе иднината, но повторно ќе ви кажам, јас сум среќен во Манчестер Сити“.

Се вчитува...