Судијата кој го оштети Реал Мадрид доби казна, а го очекува и нова од Ла Лига

Дербито помеѓу Валенсија и Реал Мадрид во 27. коло од Ла Лига донесе супердраматичен натпревар во кој домаќините прво имаа водство од 2-0, за Реал Мадрид да изедначи на 2-2 преку Винисиус Џуниор, а потоа на самиот крај на средбата да постигне и уште еден гол за целосен пресврт кој сепак не важеше со оглед на тоа што судијата Хесус Манзано на сред акција досуди крај на натпреварот.

Фудбалерите на Реал Мадрид го опколија судијата протистирајќи за контроверзната одлука, а најлошо од нив помина Џуд Белингем кој заработи директен црвен картон па го чека суспензија поради недоличното однесување.

Но, подобро не помина ниту Манзано на кој судиската комисија на првенството му одреди суспензија од два натпревари поради контроверзното судење и тоа пред да ја донесе и конечната одлука која се очекува да биде уште поригорозна од страна на Судиската комисија на Ла Лига.

Се вчитува...