Намалена казната за Симона Халеп, надвор од терените девет месеци

Романската тенисерка Симона Халеп доби деветмесечна суспензија од страна на Судот за спортска арбитража.

Место првичната четиригодишна забрана поради допинг која во септември минатата година и ја додели Меѓународната агенција за интегритет на тенисот, Арбитражниот суд донесе одлука за казна од само девет месеци, па таа сега веќе може да се врати на тениските натпревари.

Халеп беше позитивна на допинг за време на УС Опен 2022. Халеп тогаш го негираше сето тоа и изјави дека пред Судот во Лозана ќе го „чисти своето име“. И успеа во тоа значително да и се намали казната.

32-годишната Романка зад себе има 24 титули во кариерата, од кои две грандслем титули на Ролан Гарос во 2018 година и на Вимблдон во 2019 година.

Се вчитува...