ЛШ СОСТАВИ: Мбапе стартува за ПСЖ, Баерн со Кејн и Милер ќе „брка“ негатива

Најголема енигма пред вечерашните реванш натпревари беше дали ќе игра Килијан Мбапе. Тој е во првите 11 на ПСЖ за вечерашното гостување во Сан Себастијан, кај Реал Сосиедад.

Друштво во нападот ќе му прават Дембеле и Барцола. Во средниот ред се Руиз, Витиња и Заире-Емери.

Реал Сосиедад настапува со најсилниот состав, до Ојарзабал и Кубо во нападот. ПСЖ има предност од првиот меч со 2-0.

На вториот меч во Минхен, Томас Тухел има проблеми во одбраната затоа што ќе недостасува Дајот Упамекано. На негово место е Де Лихт, кој ретко добива шанса кај Тухел, а негов „партнер“ е Даер. Ким се најде на клупата, поради тоа што се пожалил на повреда.  Тухел се одлучи да му даде шанса на искусниот Томас Милер во средниот ред и на Павловиќ.

Лацио игра со Имобиле, Андерсон и Закањи во нападот. „Лацијалите“ имаа предност од првиот меч од 1-0.

 

Се вчитува...