Уапсен навивач на Лацио во Минхен поради поздрав на Хитлер

Еден италијански навивач е уапсен поради тоа што го копирал поздравот на Хитлер, во еден бар во Минхен во кој Адолф Хитлер ја основал Нацистичката партија. Тој е веднаш приведен и казнет.

Порпаролот на полицијата во Минхен, соопшти дека на 18-годишниот фан му е изречена парична казна од четири цифри откако полицијата била повикана во пивницата „Хофбројхаус“ доцна во понеделникот.

Тој даде дека полицијата размислува за понатамошни акции на уште поединци, откако голема група на навивачи на италијанскиот тим е снимена во пивницата како пеат нацистички песни.

Се вчитува...