Клоп: Секој напаѓач треба да помага и во одбрана, освен Меси

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп објасни како ги терал своите напаѓачи Фирмино, Мане и Салах да помагаат во одбраната. Така му направио видео на Рио Фердинанд, кое стана хит на социјалните мрежи. Во него Германецот зборува за триото во нападот.

Тој смета дека сите напаѓачи освен еден, треба да помагаат во одбраната.

„Кога дојдов, Боби беше тука. Го познавав Боби од Бундеслигата, и ми се допадна. Мислев дека во центарот на нападот е неговата најдобра позиција, иако многумина мислеа на крило. Сепак, потоа го потпишавме Мане. Ни требаше брзина на крилната позиција. На сите напаѓачи им кажував: Ако не сте Лионел Меси, мора да се браните. Лионел е единствениот кој чека да ја добие топката и да праи што сака. Сите останати мора да се бранат“, рече Клоп.

Се вчитува...