ПОЛУВРЕМЕ: Блицкриг на Баерн за предност од 2-0, Мбапе го носи ПСЖ во 1/4 финале (ВИДЕО)

Баерн Минхен се стекна со предност од два гола во дуелот со Лацио, и така не само што ја „поништи“ предноста на гостите од првиот меч, туку сега има и предност од 2-1 во вкупниот резултат.  Сега на „Баварците“ им е далеку полесно на патот кон 1/4 финалето.

Германскиот првак доминираше во текот на целиот прв дел, но исто и стравуваше од опасноста на Лацио. Имобиле промаши „зицер“, а две минути подоцна Кејн најдобро се снајде и го совлада Проведел, за предност на Баерн. Пред последниот свиреж Милер успеа со гол да донесе и 2-0, и така да дојде до предност во севкупниот резултат. Де Лихт шутираше на волеј, а Милер само го смени правецот на топката за убедлива предност на „Баварците“.

Во Сан Себастијан, ПСЖ со едната нога веќе е во 1/4 финале, откако Мбапе донесе предност од 0-1 со убав гол, и ја зголеми предноста од двата меча на 3-0 за „светците“, предност која е тешко достижна за шпанскиот тим.

Се вчитува...