Тухел се повредил во соблекувалната, го скршил прстот

Тренерот на Баерн, Томас Тухел бил многу мотивиран во соблекувалната на Баерн пред мечот со Лацио, така што држејќи го говорот кон своите фудбалери, го скршил прстот, и речиси целиот натпревар го преседе на клупа, што не е негов стил.

Тухел е познат по тренер кој сака да ја следи екипата во текот на цел меч, да трча покрај клупата, да гестикулира, но тоа не го можеше на мечот со Лацио. Многумина се прашуваа зошто, а по натпреварот стигна и веста дека го повредил прстот на ногата.

„Удрив со нога во вратата во текот на мотивацискиот говор, и го скршив прстот. Не верувам дека можам да ја соблечам патиката. Екипата се прашуваше зошто седев на клупата цел меч, ете тоа е причина. Ме боли, мислам дека го скршив“, рече Тухел и додаде:

„Подобро јас да го скршам, отколку некој од играчите“.

Неговиот тим на крајот триумфираше со 3-0 и се пласираше во 1/4 финалето, а со тоа Тухел си купи „мир“ со оглед дека веќе ги загуби титулите во Германија, во Купот и во пренството.

Се вчитува...