Тренерот на Лацио, Маурицио Сари го коментираше поразот од 3-0 во реваншот во Лигата на шампионите со Баерн, со што неговиот тим беше елиминиран од најелитното европско натпреварување.
Тренерот е задоволен од вкупниот настап, а според него, вториот гол бил одлучувачки за победата на Баерн и пласманот во следната фаза.
„Одигравме добро во првиот дел против Баерн, кој сега се покажа во вистинско светло. Тимовите како Баерн знаат да го подигнат нивото во секој момент. Бевме во игра до вториот гол, дури имавме шанси и да водиме. Мислам дека на 1-0 н полувремето немашеда се предадеме, но вториот гол нѐ скрши, и заминавме во соблекувалната разочарани и без самодоверба дека можеме да ги промениме работите“, изјави Сари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА