Сезонава за Нејмар е завршена. Тој се опоравува од тешката повреда на коленото, а нема да го гледаме на терените и во следните 3-4 месеци. Иако минатото лето стигна во Ал-Хилал, се чини дека е подготвен да ја напушти Саудиска Арабија, после само пет одиграни меча за овој клуб.
Нејмар стигна во Ал-Хилал како големо засилување, а ПСЖ за него доби 90 милиони евра. Меѓутоа брзо му здосади со престојот во Саудиска Арабија, и така веќе прави план како да замине.
Откако дознал дека за него има интерес од Интер Мајами, Нејмар го контактирал агентот да му го среди трансферот во тимот во кој играат Меси и Суарез, и така повторно би се формирало триото, кое „гореше“ во Барселона.
Нејмар наводно бил воодушевен од оваа идеја, и во следните недели ќе се знае дали одново ова трио ќе биде заедно. Нејмар има договор до лето 2025 година, и јасно е дека Интер ќе мора да плати отштета, или Нејмар да се откаже од добра сума на пари за да се оствари овој трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

