Суспендиран и Белингам: За судијата Манзано, пак, сезоната во Ла Лига е најверојатно завршена!

Дербито помеѓу Валенсија и Реал Мадрид во 27. коло од Ла Лига донесе супердраматичен натпревар во кој домаќините прво имаа водство од 2-0, за Реал Мадрид да изедначи на 2-2 преку Винисиус Џуниор, а потоа на самиот крај на средбата да постигне и уште еден гол за целосен пресврт кој сепак не важеше со оглед на тоа што судијата Хесус Манзано на сред акција досуди крај на натпреварот.

Фудбалерите на Реал Мадрид го опколија судијата протистирајќи за контроверзната одлука, а најлошо од нив помина Џуд Белингем кој заработи директен црвен картон па го чека суспензија поради недоличното однесување.

Токму поради тој црвен картон, Дисциплинската комисија на Ла Лига му изрече суспензија на Белингам на кого Реал Мадрид нема да може да смета на следните два натпревари. Белингам заработи и парична казна од 700 евра.

Од Реал нагласија дека ќе се жалат за изречената казна од два натпревари затоа што, црвениот картон бил престрого досуден.

Како што е познато, далеку полошо помина пак судијата Манзано кој вчера од судиската комисија доби суспензија на неопределно. Сосема е извесно, според информациите од Шпанија, дека Манзано нема да суди повеќе натпревари во Ла Лига до крајот на сезоната.

Се вчитува...