Балотели е опасен за соиграчите кога му е здодевно (видео)

Марио Балотели уште еднаш покажа зошто важи за „лудо момче“ на и надвор од теренот, откако италијанскиот голгетер реши да ја прослави последната победа на својот тим Аданаспор, пукајќи петарда во соблекувалната.

Дел од соиграчите ја забележаа новата лудост на проблематичниот напаѓач, но еден од нив беше изненаден кога петардата пукна на нецел метар од него.

Ова беше начин на прослава на „Супер Марио“ на првата победа на Аданаспор по пауза од десет натпревари, а Италијанецот постигна еден од трите гола во триумфот од 3-1 над Карагумрук.

Се вчитува...