Алкараз со порака до Ѓоковиќ: Почнавме да те победуваме, веќе не ти се плашиме…

Карлос Алкараз се наоѓа во сериозен пад на формата, шпанскиот тенисер веќе неколку месеци е без освоен турнир, но главна опсесија му останува Новак Ѓоковиќ како прворангиран светски тенисер.

Така, Шпанецот и во последното интервју што го даде за германскиот весник „Билд“ даде посебен осврт на Ѓоковиќ, порачувајќи му на Србинот дека помладите тенисери повеќе не се плашак од него.

„Ние сме ривали, но исто така и се почитуваме меѓусебно и сосема добро се сложуваме. Сепак, има работи кои ги чуваме само за себе, не сакам да даваме совети на противниците. Јас го почитувам Новак и верувам дека се што прави, тој прави перфектно, и така е 24 часа секој ден. Сепак, доаѓа времето на помладите тенисери. Тука сум јас, Јаник Синер, потоа Холгер Руне… тенисери кои веќе имаме победи против него. Мислам дека таа стравопочит што ја имавме кон Новак веќе не постои, играме на највисоко ниво на тие дуели со него и стигнуваме до победи“, истакна Алкараз.

Се вчитува...