Проблем за Пелистер, уште поголем за репрезентацијата: Се повреди Ненад Костески

Е. Пелистер има негатива од четири гола по првото полувреме од гостувањето против Колстад (17-13), но главна тема на овие први 30 минути е повредата на Ненад Костески.

Македонскиот репрезентативец голем дел од сезоната ја грее клупата, вечерва конечно доби шанса како стартер откако Радивојевиќ воопшто не отпатува со тимот за Норвешка, но Костески мораше предвреме да го заврши мечот жалејќи се на повреда. Тој со помош на еден од соиграчите се упати кон клупата за резерви, а во прв момент се чини дека повредата не е нималку наивна.

Ова е сериозен проблем пред се за македонската репрезентација, каде Костески е прва опција на позицијата десно крило. Тој дефинитивно ќе го пропушти двомечот со Романија закажан за овој месец, но останува да се види колку е сериозна повредата и дали овој одличен ракометар ќе може да помогне во бараж двомечот за СП 2025 против селекцијата на Фарските Острови, дуели закажани за 8 и за 14 мај.

Се вчитува...