Најтрофејниот тим во елитното натпреварување Реал Мадрид се спаси против Ред Бул Лајпциг и одигра реми 1-1 на домашен терен во реванш натпреварот од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.
Прво Винисиус Жуниор во 65. минута донесе водство од 1-0 за домаќинот, па тоа како да ги натера гостите да тргнат со сите сили во напад и само три минути подоцна преку Орбан израмнија на 1-1.
Шанса во финишот доби и нашиот најдобар фудбалер Елиф Елмас кој во игра влезе во 85. минута на местото на Шлагер. Неверојатна шанса во 92. минута имаше Дани Олмо кој луцидно биеше кон голот на Лунин, но ја погоди пречката.
Real Madrid [1] – 0 RB Leipzig – Vinicius Junior 65’ [2 – 0 on agg.]
byu/ganiganiu insoccer
Real Madrid 1 – [1] RB Leipzig – Willi Orban 68’ [2 – 1 on agg.]
byu/ganiganiu insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА