Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, но Карло Анчелоти не криеше дека е незадоволен од изданието на својот тим на синоќешниот реванш против Лајпциг.
Германскиот тим неочекувано доминираше на теренот, но Реал успеа да ги задржи оние 1-1 кои го водеа во следната рунда. Сепак, искусниот стратег не крие дека очекува далеку подобро издание од своите избраници на наредните натпревари. Дел од вината ја побара и кај себе, со одлуката да го остави Родриго на клупата за резерви и да стартува само со Винисиус и Белингем како офанзивни играчи.
„Се мачевме, и тоа многу повеќе отколку што мислевме. Знаевме дека противникот е квалитетен, дека нема што да загуби, па затоа се решивме за состав од играчи кои ќе донесат енергија на теренот. Видовте што се случи, игравме многу лошо. Сакавме да бидеме активни во пресингот, но премногу се повлековме и со тоа самите си создадовме проблеми. Можеби и јас сум виновен, со својот избор на екипата, но тоа мора да се прави, да се признае одговорност кога ќе се погреши. Тоа е единствениот начин да се оди напред. Најважно од се сепак ешто сме во четвртфиналето“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА