Снукерот е најновиот во низата спортови кои организираат настани во Саудиска Арабија, привлечени од богатите награди што ги доделува оваа држава за да привлече што повеќе вакви евенти на својата територија.
Првото издание на „Мастерс турнирот“ во Ријад мина во знакот на Рони О’Саливен, кој во голем стил успеа да се закити со трофејот откако во финалето го совлада Лука Брецел со 5-2 во фрејмови. Брецел имаше водство од 1-2 и предност во четвртиот фрејм, но по една негова грешка искусниот О’Саливен целосно ја презеде контролата, доминираше до самиот крај и триумфираше со убедливи 5-2, победа што му донесе и огромна парична награда од 250.000 фунти.
„Ова беше фантастичен настан,одличен турнир. Вков вид на турнири е она што сакам да го гледам, една табла, одлична публика и атмосфера, дури и музика меѓу фрејмовите“, изјави О’Саливен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

