Пеп Гвардиола не го криеше задоволството откако Манчестер Сити со нова рутинска победа над Копенхаген се палсираше во чевртфиналето од Лигата на Шампионите.
Стратегот на Сити можеше да си дозволи и да одмори дел од стандардните првотимци, а тоа воопшто не се одрази врз играта и резултатот, Сити доминираше на теренот и заслужено се најде меѓу осумте најдобри екипи во Европа.
„Не ни беше толку лесно бидејќи знаевме дека тие одлично се бранат, некогаш и со пет фудбалери во линија. Ги почитувавме бидејќи стигнаа до овде преку тешка група со Баерн, Манчестер јунајтед и Галатасарај. Среќни сме за победата, среќни сме што седум години по рад се пласираме во четвртфиналето од Лигата на Шампионите. Едно е сигурно, секој од нас верува дека можеме да освоиме уште еден пехар во ЛШ. Најголеми конкуренти ни се Реал Мадрид и Баерн. Не знаеме кој ривал ќе го добиеме во четвртфиналето, останува да го почекаме тоа, но најважно за нас во моментов е што се уште сме во игра за големиот трофеј“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА