„Алкараз ќе освои нереален број на гранд-слем титули“

Карлос Алкараз нема освоено титула откако се искачи на подиумот на Вимблдон во јули. Оттогаш одигра само едно финале и го загуби од Новак Ѓоковиќ во Синсинати во спектакуларен меч. Полуфиналето на УС Опен и на завршниот Мастерс му се најголем успех оттогаш.

Поради овој очигледен пад на формата, 20-годишниот Шпанец трпи критики, многумина му одржуваат лекции, но сега се појави глас кој размислува поинаку.

„Мислам дека ќе освои толку многу гранд-слем титули што ќе биде нереално. Според мене, Карлос е пред сите, предводник на новата генерација“, изјави Рик Мејси, еден од најуспешните американски тренери на сите времиња.

Се вчитува...