Легендарниот американски боксер и поранешен светски шампион Мајк Тајсон се враќа во рингот за меч против најдобриот боксер меѓу јутјуберите Џејк Пол.
Засега останува непознато дали борбата ќе биде од професионален или егизибициски карактер, но познато е дека истата ќе се одржи на 20. јули на стадионот на Далас Каубојс со директен пренос на „Нетфликс“.
Пол во боксерската кариера има девет победи на десет меча со тоа што славеше и против имиња како Нејт Дијаз, Андерсон Силва и Тајрон Вудли, а сега за противник ќе го има 30 години постариот Тајсон кој во професионалната кариера забележа 50 победи и само шест порази.
„Едвај чекам да влезам во ринг со Пол. Доста напредна во последните години па ќе видиме колку желбата и амбицијата може да издржи против искуството и знаењето на најдобриот на сите времиња“, изјави Тајсон во најавата за борбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА