Данскиот тим Митјиланд излезе со нови информации околу фудбалерот Кристофер Олсон, кој од неодамна е во кома, откако одеднаш му се слошило во својот дом во Архус, по што бил пренесен во болница, и веднаш ставен на механичка вентилација.
Данскиот клуб соопшти дека е дијагностицирано дека Олсон страда од мали згрутчувања на крвта во мозокот, но лекарите видоа мал напредок во неговото лекување.
„Врз основа на опсежните испитувања, скенирања и тестови во последните недели, лекарите утврдија дека Кристофер боледува од повеќекратни мали згрутчувања на крвта на двете страни на мозокот како резултат на исклучително ретка воспалителна состојба на крвните садови. Состојбата на Олсон се смета за стабилна, а лекарите видоа мал напредок. Тие веруваат дека нивото на свест на Кристофер е се поголемо. Лекарите во идниот период полека ќе се обидат да го тргнат од вентилација, но тој ќе остане на одеелението на интензивна нега и засега не може ништо да се каже конечна прогноза“, стои во соопштението на Митјиланд.
Швеѓанецот има 47 настапи за својата селекција. Во минатото беше дел од Арсенал, АИК, Краснодар и Андерлехт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

