КЛ: Ајакс и Астон Вила со „нула“, Макаби ТА и Лил веќе кон четвртфинале

Макаби Тел Авив и француски Лил веќе се кон четвртфиналето од Конференциската лига на УЕФА откако славеа убедливи победи на гостувањата во првите натпревари од осминафиналните пресметки.

Макаби Тел Авив со 1-4 триумфираше против Олимпијакос во Атина, додека Лил со 0-3 го победи австриски Штурм.

Ајакс и Астон Вила, пак, одиграа натпревар без голови во Амстердам.

Норвешки Молде триумфираше против Бриж со 2-1, со головите на Стеневик и Гулбрандсен.

Се вчитува...