Мајк Џејмс е нов крал во Евролигата, урнат рекордот на Спанулис, мечот со Ц. Звезда прекинат (ВИДЕО)

Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс стана најдобар стрелец во историјата на Евролигата со денешните свои 18 поени во победата на неговиот тим против Црвена Звезда во 27. коло од Евролигата.

Американецот од Портланд стигна до 4457 поени во ова натпреварување, соборувајќи го досегашниот рекорд на Василис Спанулис, кој изнесуваше 4455 поени. Трет на листата е Нандо Де Коло со 4396 поени.

Џејмс пристигна во Европа во 2012 година и тоа во редовите на Загреб, за да потоа блесне во редовите на Басконија. Беше член на неколку елитни европски клубови, имаше неколку излети во НБА, а од 2021 година е предводник на Монако.

Кога Џејмс стигна до 13-от поен денеска дуелот меѓу Монако и Црвена Звезда беше прекинат во првото полувреме, по однапред подготвеното сценарио на организаторите за да се прослави историскиот рекорд.

Се вчитува...