Денвер славеше против Бостон со 115-109 во синоќешниот меч во НБА лигата.
Никола Јокиќ го запиша својот 20-ти „трипл-дабл“ во сезоната, односно 125-ти во кариерата на натпреварите од регуларната сезона, запишувајќи 32 поени (11 од 18 од игра, 10 од 10 од слободни фрлања), 12 скока и 11 асистенции за 39 минути на паркетот.
Јокиќ со сирената погоди на крајот од првото полувреме со што донесе дотогаш највисока предност од осум поени за својот тим, по што се навести победникот на мечот.
Џамал Мареј мечот го заврши со 19 поени, осум скока и шест асистенции, а Ерон Гордон дополни со 16 поени и девет скока.
Wtf my jaw dropped watching this Nikola Jokic pass to Aaron Gordon pic.twitter.com/TUJCONtQSc
— Kevin O’Connor (@KevinOConnorNBA) March 8, 2024
Кошаркарите на Далас триумфираа против Мајами со 114-108. Мечот беше прекршен во последната четвртина кога најпрво Данте Егзум погоди тројка на која се надоврза и Лука Дончиќ за 106-101.
Дончиќ запиша „трипл-дабл“ од 35 поени, 11 скока и 11 асистенции, со што стана единствениот кошаркар во историјата со Расел Вестбрук кој успеал да биде двоцифрен во три статистички категории на пет меча во низа.
Кајри Ирвинг дополни со 23 поени и по четири асистенции и скка. Кај Мајами најдобар беше Тери Розир со 27 поени, 11 асистенции и шест скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

