Македонските судии Давидов и Јакимовски на јуниорски турнир од Евролигата

Македонскиот судии Александар Давидов и Никола Јакимовски ги судеa финалните натпревари на собирот на млади кошаркари „EUROLEAGUE BASKETBALL ADIDAS NEXT GENERATION TOURNAMENT“, кој изминатата недела се одржа во Белград.

Двајцата македонски судии одлично го одработија својот дел од обврските на собирот на кој се натпреваруваа осум екипи (играчи во јуниорска конкуренција). За тоа беа наградени, да бидат дел од судиските тројки за финалниот ден од турнирот во главниот град на Србија.

Јакимовски беше дел од судиската тројка која го судеше натпреварот кој го даде победникот на турнирот, а во кој Барселона беше подобра од Армани Милано (104-85), додека пак Давидов доби доверба да го суди натпреварот за третото место во кое белградски Партизан го совлада комбинираниот состав именуван како „Идната генерација на Белград“ со (81-72).

Се вчитува...