Ракометниот клуб Охрид продолжува и со размислувањата за својата иднина, продолжувајќи ги договорите со двајца свои актуелни првотимци.
Верноста кон клубот ја продолжија крилото Крсте Андоновски и голманот Даниел Ѓорѓески. Тие остануваат „Гладијатори“ до сезоната 2024/25.
По победата над Алкалоид, утре охриѓани ги продолжуваат натпреварите во Суперлигата со гостувањето против Тинекс Пролет во Скопје.
ГРК Охрид, како што е познато, ќе биде домаќин и на натпреварите од 4 група од Купот на Македонија, што ќе се играат на 23/24. март во салата „Билјанини извори“. Во полуфиналето ќе се сретнат Е. Пелистер – Куманово, односно Скопје – Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА