Баерн Минхен во зимскиот преоден рок го донесе крилниот напаѓач Брајан Сарагоса од Гранада, за 18 милиони евра. Овој фудбалер имаше потпишано од лето да дојде во Минхен, но Баерн сакаше да побрза па го плати 18 милиони евра.
Досега одигра само 20 минути, и нема ништо од најавеното засилување. Томас Тухел не е воодушевен од него. Кажа дека тешко комуницира со соиграчите, и со тренерот.
„Сарагоса тешко комуницира, затоа што не знае англиски и германски, а тоа е елеменратна компонента. Го одложивме неговиот трансфер да добиеме на време. Веќе ми беше јасно дека ова за него е преголем чекор, и тоа сега се гледа. Има квалитет, но интеграцијата е проблем. Затоа ќе му дадеме време“, изјави Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА