Светскиот првак останува суспендиран поради допинг, одбиена е неговата жалба

Аргентинскиот светски првак Алехандро Гомез, речиси сигурно ќе се повлече од фудбалот откако беше одбиена неговата жалба против неговата двогодишна забрана за фудбал поради допинг, пишуваат италијанските медиуми.

Играчот на Монца веќе има 36 години, и додека истече суспензијата, ќе наполни 38, со што ќе биде веќе престар.

На 20 октомври во 2023 година, беше објавено дека играчот е позитивен на тербуталин, лек кој се користи за ублажување на бронхоспазам. Уште тогаш беше суспендиран, а со ова му е потврдена одлуката.

Гомез го направи спорниот тест уште пред почетокот на Мундијалот во Катар, кој го освои со Аргентина, а резултатот беше објавен 11 месеци подоцна.

Се вчитува...