Во Саудиска Арабија се свират пенали додека Ал Хилал не победи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Хилал се чекор поблиску кон одбрана на титулата во шампионатот на Саудиска Арабија, но денешниот триумф на гостувањето кај Ал Ријад во најмал случај е контроверзен.

Гостите на овој меч добија дури три пенали, кои на крајот некако беа доволни за пресврт победа од 1-3. Прво пенал актуелниот шампион доби во судиското продолжение, но него не успеа да го реализира Александар Митровиќ. Домаќините поведоа со 1-0 со автоголот на Ал Булаји во 52. минута. Нов пенал за гостите беше досуден во 67. минута, а него го реализираше Рубен Невеш. Водство од 1-2 донесе Михаел во 75. минута, додека во 93. минута Александар Митровиќ од пенал ги постави конечните 1-3.

 

Се вчитува...